Достапни линкови

Тајни кадровски промени?


Тоа што кадровските промени во ВМРО-ДПМНЕ дојдоа без најава, остава простор за сомнеж дека не е почитувана внатрепартиската демократија, сметаат експертите.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доби нов состав. Скратен и со нови членови. Дел од старите членови не се повеќе во овој орган, а партијата доби и нов генерален секретар. На местото на Мартин Протогер, кој, како што соопштуваат, се повлекува поради здравствени причини, доаѓа Кирил Божиновски.
Имам впечаток дека сето ова се случува одоздола и имало некое незадоволство од самото членство внатре во партијата, па поради ова се наметнале ваквите промени.

Политичките аналитичари велат дека кадровските промени се потребни за развојот на една партија, но според нив, зачудува фактот што кај нашите партии тоа секогаш се случува без најава.

„Без некоја внатрепартиска демократија се случува сето ова. Некако имам впечаток дека сето ова се случува одоздола и имало некое незадоволство од самото членство внатре во партијата, па поради ова се наметнале ваквите промени“, изјави политичкиот аналитичар Здравко Савески.

Кирил Божиновски.

Таквото однесување на политичките лидери секогаш остава простор за сомневање дека нешто не е направено транспарентно и според партиските правила. Изборот на тоа кој членови ќе имаат добри и високи раководни функции во партијата зависи од нивните лични контакти со претседателот на партијата, вели Савески.

„Пред се, се должи на блискоста до премиерот или одалечувањето од
Се должи на блискоста до премиерот или одалечувањето од премиерот, односно лидерот на партијата.

премиерот, односно лидерот на партијата. Се добива впечаток дека поради таа причина е сето ова изведено“, вели Савески.

Не е ново тоа што внатре во партијата се правата кадровски промени, но чудно е тоа што се менува тимот со кој победувате веќе трет пат, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.


„Најнормално е дека кога сте поразени на изборите тогаш да се бараат виновници и тогаш се бараат алтернативни решенија во партиите, но во Македонија спротивното се случи, поразените од типот на Црвенковски и Тачи не ни помислуваат на некои освежувања или промени, додека победниците од типот на Груевски, тие го прават тоа.“

Со овој потег, Груевски ги казнува своите сопартијци за нешто што тој смета дека не го направиле како што треба, вели Демири.
Партиска казна која во почетокот не се чувствува дека е казна, меѓутоа иднината ќе покаже дека тие луѓе помалку ќе се вреднуваат, помалку ќе бидат прашувани.

„Таа е онаа партиска дисциплина, партиска казна која во почетокот не се чувствува дека е казна, меѓутоа иднината ќе покаже дека тие луѓе помалку ќе се вреднуваат, помалку ќе бидат прашувани итн.“

Членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се веќе пратениците Илија Китановски, Зоран Коњановски, Владимир Талески, Зоран Петрески и Петар Поп-Арсов.

Своите места во извршниот комитет ги задржаа министрите Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG