Достапни линкови

Белорусија- смртна казна им се заканува на напаѓачите на метрото


Осомничените за нападот на метрото во Белорусија, при што загинаа 15 луѓе, може да добијат смрта казна, сооштија денеска од белоруското обвинителство. Од таму велат дека за извршителите на терористички дела максимална казна е смртната казна. За априлските напади на метрото, белоруските власти обвинија двајца мажи родени 1986 година.
Претседателот Александар Лукашенко по нападот се заколна дека „ќе ја преврти целата земја“ да да ги најде они кои го извршиле . Тој тогаш изјави дека нападот на метрото е последница на „претераната демократија“, која морала да се допушти за да се задоволат западните земји.
XS
SM
MD
LG