Достапни линкови

Претседателот Иванов се сретна со новите министри


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери и министерите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбите претседателот и министрите разговарале за идните планови на Министерствата и за меѓусебната соработка.
Претседателот Иванов на тројцата новоименувани членови на Владата им го честитал изборот и им посакал успешно и одговорно вршење на функциите.
XS
SM
MD
LG