Достапни линкови

Израел ќе екстрадира во Босна, обвинет за воени злосторства


Судот во Ерусалим денеска одобри да се екстрадира во Босна еден обвинет за учество во убиството на илјадници муслимани во Сребреница за време на војната во Босна.
Окружниот суд пресуди дека Александар Цветковиќ, босански Србин кој добил израелско државјанство преку својата жена, треба да биде екстрадиран во Сараево.
Цветковиќ има 30 дена да поднесе жалба на пресудата.
Тој беше уапсен во јануари откако Израел добил барање за екстрадиција од босанските власти кои го обвинуваат за убиство на околу 1.000 босански муслимани во близина на Сребреница во јули 1995 година. Цветковиќ емигрирал во Израел во 2006 година
XS
SM
MD
LG