Достапни линкови

logo-print

Сириските сили втор ден го гранатираат градот Хама


Најмалку 4 луѓе загинале денеска во сирискиот град Хама, за време на гранатирањето на градот од страна на сириските безбедносни сили. Активистите за човекови права велат дека 140 луѓе се убиени во Сирија во текот на викендот во обидите властите да ги задушат протестите против претседателот Башар ал Асад.
Насилствата во Сирија, предизивикаа меѓународна осуда. Портпаролот на Комесарката за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон рече дека Европската Унија ќе воведе санкции кон поединци и компании од Сирија.
Германското Министерство за надворешни работи ги осуди насилствата од страна на сириската влада против својот сопствен народ и повика ЕУ да воведе нови санкции кон Сирија.
И од министерството за надворшени работи на Русија, ги осудија насилствата, и повикаа тие да престанат.
Советот за безбедност денеска треба да одржи итна седница за состојбата во Сирија.
XS
SM
MD
LG