Достапни линкови

Русија го осуди насилството во Сирија


Хама

Хама

Руското министерството за надворешни работи соопшти дека Русија е загрижена за крвопролевањето во Сирија и повика да се стави крај на насилството.
Во соопштението се наведува дека мора да се престане со употребата на сила против цивилите. Активистите за човекови права соопштуваат дека 140 луѓе се убиени во Сирија, за време на викендот во обидите власта да ги задуши протестите против владеењето на претседателот Башар ал-Асад кои започна во средината на март. Најмногу насилство имало во градот Хама, каде десетици демонстранти беа убиени кога војници со тенкови упаднаа во градот вчера наутро. Мерките на власта предизивикаа меѓународна осуда, а Советот за безбедност се очекува да одржи итен состанок за состојбите во Сирија.
XS
SM
MD
LG