Достапни линкови

Германија бара состанок на ОН за Сирија


Германија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации на кој ќе се расправа за влошувањето на ситуацијата во Сирија. Активисти за човекови права изјавија дека безбедносните сили вчера убиле скоро 140 луѓе, што претставува еден од најкрвавите денови во земјата од почетокот на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад во март годинава. Западните земји веќе неколку недели инсистираат на резолуција со која ќе се осуди насилството на сирискиот режим. Меѓутоа, Русија и Кина се противат на таквиот потег.
XS
SM
MD
LG