Достапни линкови

logo-print

Иванов: во Македонија има консензус за името


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Лидерите на Европската унија треба да им помогнат на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на раководството на соседната земја и да ги убедат дека со пристапните преговори Грција не е губитник и оти со тоа сите добиваме. Ова го наведува македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за „Дневник“. Решението на спорот, според него, не зависи само од Македонија, туку е можно ако и Атина се придржува стриктно до рамките во кои се водат разговорите и ако покаже конструктивност. ,,На сите политички фактори во Македонија им се јасни минималните линии под кои каков било договор не е можен и под кои е неприфатлив договор, независно кој е на власт во Македонија, и тука нема што повеќе да се зборува. Тоа е консензусот. Добро е што имаме согласност на најважните фактори околу потребата евентуалниот договор да биде поткрепен со референдумско изјаснување на граѓаните, што е во насока на обезбедување легитимитет на оваа одлука. Имаме и изградена стратегиска рамка потребата земјата на достоинствен начин да се интегрира во НАТО и во ЕУ. По мене, стратегијата е јасна, консензусот е јасен, истакнува претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG