Достапни линкови

Продолжува штрајкот на грчките таксисти


Главните патишта во реонот на полуостровот Пелопонез од денеска ќе бидат блокирани на неопределено време, откако таксистите во Грција решија да го продолжат штрајкот, јавија грчките медиуми. Таксистите штрајкуваат веќе втора недела во знак на протест против плановите на владата за либерализација на секторот. Тие планираат митинг пред зградата на Министерството за транспорт по неуспешната средба со министерот на која требаше да се најдат допирни точки за решавање на проблемот.
XS
SM
MD
LG