Достапни линкови

logo-print

Разговори за избор на нова команда на турската армија


Исик Косанер, Реџеп Таип Ердоган

Исик Косанер, Реџеп Таип Ердоган

Турски политички и воени лидери денеска почнуваат четиридневен состанок со цел да го вратат поредокот во турската војска по оставката на четворица највисоки генерали. Во петокот оставка поднесоа шефот на Генерaлштабот Исик Косанер и тројцата команданти на копнените, поморските и воздужните сили во знак на протест поради затворањето на извесен број генерали поради нивна поврзаност со заговори за воен пуч во земјата. За прв пат во турската историја четворица команданти на вооружените сили да ги напуштат нивните функции во ист ден. Се очекува Високиот воен совет на кој претседава премиерот Реџеп Таип Ердоган да избере нови команданти.
XS
SM
MD
LG