Достапни линкови

КФОР отстрани дел од барикадата во село Зупче


Барикадата во село Зупче

Барикадата во село Зупче

Припадници на португалскиот контигент на КФОР денеска отстраниле дел од барикадата во село Зупче во Ибарски Колашин, во близина на Митровица. Припадниците на КФОР, како што јавува агенцијата Бета, со повеќе оклопни возила стоеле во близина на барикадата каде што се собирале и голем број жители на Ибарски Колашин. Шефот на српскиот преговорачки тим со Приштина Борислав Стефановиќ и министерот за Косово и Метохија Горан Бограновиќ во текот на изминатата ноќ пристигнаа во Лепосавиќ каде што беа пречекани од жителите на северно Косово. Ним претходно на преминот Јариње им беше оневозможен влез на Косово. Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека тие илегално престојуваат во северно Косово и оти е можно ниво апсење и протерување во Србија. Премините Брњак и Јариње од синоќа се отворени за патнички сообраќај.
XS
SM
MD
LG