Достапни линкови

Турската армија остана без Генерали


Генералот Косанер си поднесе оставка

Генералот Косанер си поднесе оставка

Турските политичари и воени лидери ќе се состанат денеска, со цел воспоставување ред во војската по оставките на четворица генерали. Во петокот началникот на генерал штабот Исик Косанер поднесе оставка заедно со командатите на морнарицата, армијата и военото воздухопловство во знак на протест поради притворот на многу воени офицери од понизок ранг обвинети за заговор. За прв пат во историјата на Турција 4-ца генерали во ист ден се повлекуваат од функцијата. На планираниот 4 дневниот состанок на Високиот Воен Совет ќе присуствува премиерот Реџеп Таип Ердоган кој најверојатно ќе ги бира новите генерали.
XS
SM
MD
LG