Достапни линкови

logo-print

Меѓународна осуда за режимот на Сирија


Протестите во Хама

Протестите во Хама

Режимот на Сирија предизвика остра меѓународна осуда по објавените извештаи за 140 мртви луѓе по судирите на сириските безбедносни сили со анти-режимските демонстранти. Активисти за човекови права соопштуват дека 136 луѓе биле убиени, вклучувајќи ги и загинатите во Хама. Германија побара денеска да се одржи состанок во Безбедносниот совет на Обединетите Нации на кој ќе се разговара за можна резолуција со која ќе се осуди насилството во Сирија. Американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон изјави дека е вџашен од употребата на насилство и бруталност на сириската влада врз својот народ. Тој додаде дека извештаите од Хама се застрашувачки и го покажуваат карактерот на сирискиот режим. Турското министертво за надворешни работи кое се приклучи на повиците за прекин на насилството соопшти дека Турција заедно со целиот исламски свет се разочарани од развојот на настаните пред светиот месец размазан.
XS
SM
MD
LG