Достапни линкови

САД избегнаа банкрот


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Демократите и Републиканците во Конгресот постигнаа договор за намалување на дефицитот.Обама изјави дека начелно лидерите на двете најголеми партии се договорија дека ќе се намали дефицитот за да се избегне банкрот. Обама ова го соопшти синоќа во Вашингтон пред понеделничкото отварање на берзата во Азија. По изјавата на Обама, јапонската берза бележи пораст од 1,8 проценти, и доларот зајакна во однос на јенот и швајцарскиот франк. Во кратката изјава Обама истакна дека договорот да се подигне границата на националнот долг на САД од 14, 3 трилиони долари се уште мора да биде одобрен во Сенатот и во Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG