Достапни линкови

Меѓународната заедница ги осуди случувањата во Хама


Протести во Хама

Протести во Хама

Од амбасадата на САД во Дамаск коментирајќи ги случувањата во градот Хама, соопштија дека тоа што се случува таму е „очајно“. Од амбасадата велат дека власта сака да продолжи да владее со ангажирање на сите вооружени трупи, да војуваат со своите граѓани.
Претходно и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да престане со смртоносните напади врз демонстрантите, велејќи дека е „вџашен“ од нападите во пресрет на светиот муслимански месец Рамазан.
Сириските трупи упаднаа во градот во зори во обид да ги задушат продемократски демонстрации. Невладините група за човекови права, повикувајќи се на болнички извори велат дека за врема на борбите загинале 45 луѓе.
XS
SM
MD
LG