Достапни линкови

logo-print

АЕК го прескокна СРД?


Новинарите на А1, цела зима ги водеа вечерните вести од пред зградата на владата, во знак на протест против блокирањето на сметката на телевизијата.

Новинарите на А1, цела зима ги водеа вечерните вести од пред зградата на владата, во знак на протест против блокирањето на сметката на телевизијата.

Медиумските организации реагираат дека АЕК го прескокна Советот за радиодифузија и предвремено ја згасна А1 телевизија.

Советот за радиодифузија смета дека Агенцијата за електронски комуникации ја прекрши постапката и без да добие одлука од Советот за дејствување, односно за одземање на фрекфенцијата, го прекина емитувањето на програмата на А1 телевизија. Претседателот на Советот, Зоран Стефаноски, вели дека Агенцијата ги прескокна сите инволвирани субјекти во постапката и со нивната, како што вели, еднострана акција
Што, тоа беше најитната работа на светот?! Е па ова стварно нема смисла.

Телевизијата практично не постои и сега на Советот му се врзани рацете.

„Многу тешко, со оглед како течат течат работите, многу тешко. Со оглед на новиот закон, со оглед на сето тоа што се случува и со таа телевизија и она што се случи синоќа во сабота навечер во пресрет на Илинден. Што, тоа беше најитната работа на светот?! Е па ова стварно нема смисла.“

Во заедничката писмена реакција на Македонскиот институт за медиуми, Здружението на новинари и Новинарскиот синдикат е наведно дека начинот на кој постапи Агенцијата е груба повреда на законот, затоа што Агенцијата не може своеволно да одземе фрекфенција без акт на одобрение од Советот за радиодифузија. Тие бараат од Советот да престане со тактизирање и со пролонгирање на своите постапки и серизоно да се заложи за спроведување на законот.

Логоата на ЗНМ, МИМ и ССНМ.

Стефаноски, пак, вели дека Советот не тактизирал туку го испитувал правото.

„Не сакавме да добиеме во време, сакавме да ги исцрпиме сите можности. Станува збор за многу сериозна работа, оваа телевизија постои 18 години. После ваквата еднострана акција на Агенцијата за електронски
После ваквата еднострана акција на Агенцијата за електронски комуникации понатаму губи смисла секое понатамошно заседавање на Советот.

комуникации понатаму губи смисла секое понатамошно заседавање на Советот.“

Новинарските организации сметаат дека регулаторно тело кое не може да го спроведува законот и да ја заштити независноста на медиумите никому не му користи и прашање е зошто воопшто постои.

Стечајниот управник на А1, Ацо Петров, вели дека после празникот ќе и го соопшти ставот на јавноста за случувањата, но додава дека тој бил известен од Агенцијата дека ќе им биде одземно одобрението за фрекфенција на телевизијата. Во телефонски разговор истакна дека тој е одговорен само за стечајната постапка и дека е се уште рано да каже како ќе се одвива процесот кога телевизијата повеќе не работи.

Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски, веќе неколку дена е недостапен за јавноста, да објасни зошто без одлука на Советот ја укинал фрекфенцијата.

Виктор Грозданов, еден од авторите на Законот за радиодифузна дејност, вели дека постапката на Агенцијата е противзаконска и дека сега Советот треба да поднесе кривична пријава за пречекорување на овластувањата.

„Ова ќе биде страшен удар врз македонскта регулатива во делот на радиодифузијата и додека премиерот читаше експозе за слободта на медиумите, директорот на Агенцијата не почитува една нормална
Ова ќе биде страшен удар врз македонскта регулатива во делот на радиодифузијата.
постапка.“

Во реакцијата на претставниците на новинарите е наведено дека ваквиот преседан сериозно ја загрозува слободата на изразувањето, независноста на медиумите и независноста на регулаторното тело во радиодифузијата. Суспендирана е правната држава и владеењето на правото, со што се поставува модел на однесување според кој дозволите за работа на радиодифузерите и во иднина може да бидат одземени без да се почитуваат процедурите, законот и меѓународните стандарди.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG