Достапни линкови

Турција се обидува да го врати редот во армијата


Поранешниот началник на Генералштабот Исик Косанер

Поранешниот началник на Генералштабот Исик Косанер

Воениот и политичкиот врв во Турција се соочува со битка за враќање на редот во армијата,по оставката на четворица генерали во знак на протест поради затворање на стотици службеници.
Долготрајните несогласување помеѓу турската војска и владата со исламски корени кулминираа во петокот кога началникот на Генералштабот Исик Косанер си даде оставка, заедно со генералите на армијата, на морнарицата и воздухопловните сили.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе претседава со четири-дневниот состанок на Врховниот воен совет кој ќе почне утре. Воениот совет треба да назначи наследник на Косанер. Претседателот Абдула Ѓул негира дека има криза во земјата.
XS
SM
MD
LG