Достапни линкови

Aгенцијата за електронски комуникации неправилно постапила за А1


Macedonia - A1 television. logo - N/A

Macedonia - A1 television. logo - N/A

Aгенцијата за електронски комуникации ја прекрши постапката и без да добијат одлука од Советот за радиодифузија за дејствување, го прекинаа емитувањето на програмата на А1 телевизија, вели за Радио Слободна Европа претседателот на Советот Зоран Стефановски.
Тој вели дека агенцијата ги прескокна сите инволвирани субјекти во постапката и со нивната како што вели еднострана акција Телевизијата практично не постои.
Синоќа од Агенцијата соопштија дека директорот донел решение со кое престануваат да важат одобренијата за користење на радиофреквенциите. Начинот на кој Агенцијата за електронски комуникации ја укина фреквенцијата на националната телевизија А1 претставува груба повреда на Законот за радиодифузната дејност и на надлежностите на Советот за радиодифузија, наведуваат во заедничка рекација ЗНМ, МИМ и ССНМ.
XS
SM
MD
LG