Достапни линкови

Борби во сирискиот град Хама, најмалку 45 жртви


Протести во Хама

Протести во Хама

Во сирискиот град Хама се водат борби меѓу вооружаната опозиција и сириските трупи кои упаднаа во градот во зори во обид да ги задушат продемократски демонстрации.
Извештаи велат дека армијата се обидува да ги отстрани барикадите на влезот од Хама, кои ги поставиле луѓето.
Невладините група за човекови права, повикувајќи се на болнички извори велат дека за врема на борбите загинале 45 луѓе
Хама е под опсада речиси еден месец како одговор на големите демонстрации против владеењето на претседателот Башар ал-Асад е.
Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да престане со смртоносните напади врз демонстрантите, велејќи дека е „вџашен“ од нападите во пресрет на светиот муслимански месец Рамазан.
XS
SM
MD
LG