Достапни линкови

logo-print

Во бродска несреќа во Русија, загинале 8 луѓе, двајца се исчезнати


Осум луѓе се удавиле а двајца се уште се водат за исчезнати по потонувањето на брод во реката Москва, соопштуваат од руското министерство за итни ситуации. Властите велат дека на бродот се превезувале вкупно 17 патници и членови на екипажот. Седум луѓе веднаш биле спасени. Според властите, причина за несреќата е непочитувањето на правилата за пловење. Оваа бродска несреќа доаѓа на само три недели од најлошата бродска несреќа во постсоветска Русија, кога во реката Волга се удавија 122 луѓе. Бродот потона на 10 јули во Волга во централната руската република Татарстан.
XS
SM
MD
LG