Достапни линкови

Македонците од Егејскиот дел побараа вклученост во работата на Владата


Владата во составот на своите работни тела и стручни тимови посветени на пристапните преговори за членство во ЕУ да вклучи стручни лица и од Конференцијата за координација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, и исто така Владата да формира државно тело за решавање на прашањата на дискриминација врз своите државјани по етничка основа без разлика каде и да се случуваат, побара претседателот на Конференција за координација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Методија Тошевски. Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола, денеска во потпелистерското село Трново ја одржа 31. традиционална погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
XS
SM
MD
LG