Достапни линкови

Во бомбашки напад во Авганистан, 11 загинати


Архива

Архива

Најмалку десет авганистански полицајци и едно дете загинаа денеска во бомбашки напад во јужниот град Лашкар, главниот град на провинцијата Хелманд, соопштија авганистанските власти. Во експолозијата на автомобил бомба, биле повредeни уште 12 луѓе, меѓу кои тројца цивили. Tалибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
Во јужниот дел на Авганистан во последниот месец се зголеми бројот на самоубиствени бомбашки напади врз полицијата , владини претставници, и нападите врз силите на НАТО, откако започна процесот на предавање на одговорноста за безбедноста од меѓународните сили на авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG