Достапни линкови

САД- на повидок договор за границата за задолжување


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Белата куќа и лидерите на републиканците во Конгресот постигнале значителен напредок за договорот на државата да и се овозможи повисок плафон на задолжување, за да би се избегнал банкрот.
Преговорите за зголемување на границата за задолжување траат веќе неколку недели. Според неименувани официјални лица, предвидено е зголемувањето на границата да се направи во два чекори.
Првата фаза да се направи веднаш, а другата во текот на годината. Претседателот Барак Обама се закани дека ќе стави вето на секој закон кој ќе овозможи да се повтори моменталната криза. Обама го прифати барањето на републиканците дефицитот да се намали без да се зголемат даноците.
Ако до вторник, не биде постигнат договор, владата на САД ќе снема пари да ги плаќа своите сметки, а тоа може да има катастрофални последици за глобалната економија.
XS
SM
MD
LG