Достапни линкови

Авганистан- петмина полицајци загинале во бомбашки напад


Најмалку пет авганистански полицајци загинаа денеска во бомбашки напад во јужниот град Лашкар,главниот град на провинцијата Хелманд, соопштија авганистанските власти. Во експолозијата на автомобил бомба, биле повредени уште 12 луѓе, меѓу кои тројца цивили.
Во јужниот дел на Авганистан во последниот месец се зголеми бројот на самоубиствени бомбашки напади врз полицијата , владини претставници, и нападите врз силите на НАТО, откако започна процесот на предавање на одговорноста за безбедноста од меѓународните сили на авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG