Достапни линкови

Сириските безбедносни сили „се справуваат“ со демонстрантите


Протести во Хама

Протести во Хама

Сириските безбедносни сили со тенкови навлегле во градот Хама рано утрово по речиси еден месец откакао во градот се одржаа најголемите анти-владини протести, велат активистите за човекови права. Според нив најмалку пет цивили загинале вчера во Сирија, за време на нападите на источниот град Деир ал-Зор. Сириските сили го гранатирале градот во најновиот обид да ги задушат протестите против владеењето на претседателот Башар ал-Асад. Групите за човекови права велат дека 57 војници , вклучувајќи и двајца поручници и капетен, вчера преминале на страната на демонстрантите. Жителите формирале локалните комитети и подигале импровизирани бариери во обид да ги сопрат тенковите и оклопните возила да навлезат во градот. Од сириската опсерваторија за човекови права соопштуваат дека од почетокто на протестите до сега 1.888 луѓе биле убиени од кои 1.519 цивили и 369 припадници на безбедносните сили. Сириските власти протераа голем број на новинари, па така извештаите за Сирија е тешко независно да се потврдат.
XS
SM
MD
LG