Достапни линкови

logo-print

Српското Собрание заседава за Косово


Претседателката на српскиот Парламент, Славица Ѓукиќ Дејановиќ

Претседателката на српскиот Парламент, Славица Ѓукиќ Дејановиќ

Собранието на Косово ја започна вонредната седница посветена на Косово. На седницата присуствуваат претседателот на Србија Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ, шефот на преговарачкиот тим со Приштина, Борислав Стефановиќ и министрите во Владата.
Собранието го одби предлогот на СрпскатаРадикална партија, на пратениците да им се овозможи дупло подолго време за расправа. Пратениците ќе расправаат за предлог резолуцијата во која се наведува дека меѓународните сили во Косово ги кршат надлежностите што им се дадени со резолуцијата 1244, со што го загрозуваат опстанокот на српското население и интересите на Србија во покраината.
XS
SM
MD
LG