Достапни линкови

Грчките таксисти го окупираа солунскиот аеродром


Протест на таксистите во Атина

Протест на таксистите во Атина

Таксистите, кои со денови штрајкуваат во Грција, го окупираа солунскиот аеродром, јавуваат грчките медиуми.
Таксистите утринава со автомобилите го блокираа патот кон аеродромот, а потоа пешки се упатија кон терминалите и ги окупираа.
Засега не се знае колку време ќе останат на аеродромот.
Таксистите во Грција штрајкуваат веќе втора недела во знак на протест против плановите на владата за либерализација на секторот.
Нивната вчерашна средба со министерот за транспорт, на која требаше да се бараат допирни точки, заврши без успех и во моментов нема излез од ситуацијата.
Таксистите беа повикани од премиерот Јоргос Папандреу да го прекинат штрајкот, што му создава проблеми на туризмот. Папандреу изјави дека е отворен за дијалог, но и ја потврди одлучноста на владата за либерализација на секторот за такси услуги.
XS
SM
MD
LG