Достапни линкови

ЕУЛЕКС ги почитува законите и Уставот на Косово


Шефот на Еулекс Ксавиер Бот де Марњак изјави денеска дека Еулекс ги почитуваат Уставот и законите на Косово и подржуваат воспоставување на царинска контрола на целата територија на земјата.
Де Марњак на заедничката конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека нападите врз силите на КФОР и Еулекс се неприфатливи и дека нема да се толерира таков вид на насилство. Еулекс нема да толерира никаков облик на органичување на слободното движење во земјата. Командантот ги повика граѓаните на Ксоово да го сочуваат редот и мирот во земјата. Премиерот на Косово Хашим Тачи рече дека активностите на Владата на северот од земјата биле во интерес за сите граѓани и дека имале за цел да воспостават ред и закон на целата територија. По 25 јули, нема враќање назад, рече Тачи.
XS
SM
MD
LG