Достапни линкови

logo-print

Ќе се обелоденат сведочењата на Никсон за Вотергејт


Ричард Никсон, 37-от претседател на САД

Ричард Никсон, 37-от претседател на САД

По минати повеќе од 36 години, американскиот федерален судија нареди да се обелоденат документите со тајното сведочење на претседателот Ричард Никсон во скандалот Вотергејт. Американскиот окружен судија Ројс Ламберт во договор со историчари се согласиле дека е од поголема важност сведоштвата да се обелоденат, затоа што тоа има поголемо историско значење и ја надминува потребата да се држи во тајност. Сепак, документите нема да бидат објавени пред да и се даде можност на Владата да се изјасни за тоа.
Никсон ја напушти функцијата во 1974 година, поради аферата Вотергејт. Тој е единствениот американски претседател кој си поднел оставка. Никсон сведочеше пред Комисијата во Калифорнија 10 месеци по неговата оставка.
XS
SM
MD
LG