Достапни линкови

САД- Безбедносната состојба во Ирак се влошува


Ирак е помалку безбедно место отколку што беше пред една година и безбедноста таму продолжува да се влошува, оценува американското владино тело задолжено за набљудување на состојбата.
Проценката доаѓа по извештајот на Специјалниот генерален инспектор за Ирак. Во својот извештај, Стјуарт Боуен забележува дека јуни е најкрвавиот месец за американските војници од април 2009 година, со убиени 15 американски војници. Тој исто така забележува пораст на ракетни напади кон Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владините канцеларии и странските амбасади, како и постојани обиди за атентат врз високи ирачки претставници.
XS
SM
MD
LG