Достапни линкови

Во двете рударските несреќи во Украина, 25 жртви


Билансот на жртвите од двете рударски несреќи кои се случија вчера во Украина, денеска се искачи на 25 жртви. Од Министерството за вонредни состојби соопштија дека 18 рудари загинале во експлозија во рудникот за јаглен во источниот регион Луханск, додека осум рудари се водат за исчезнати. Во несреќата се сериозно повредени двајца рудари кои се наоѓаат во болница.
Во регионот Донецк , загинале 7 рудари, кога пропаднал лифтот со кој се спуштале во рудникот, а 5 рудари се исчезнати.
Рудници за јаглен во Украина се сметаат за најопасните во светот поради застарена опрема и непочитувањето на прописите за безбедност. Претседателот Виктор Јанукович кој го посети местото на несреќата во регионот Луханск најави владина истрага за несреќите.
XS
SM
MD
LG