Достапни линкови

Колективна оставка на военото раководство во Турција


Началникот на Генералштабот,Исик Косанер

Началникот на Генералштабот,Исик Косанер

Началникот на Генералштабот на армијата на Турција, генерал Исик Косанер вчера си поднесе оставка поради несогласувањата со Владата, пренесуваат турските медиуми. Освен Косанер, оставки си поднесоа и командантите на Копнената војска, Военото воздухопловство и Воената морнарица, во знак на протест што Владата сака да пензионира десетина офицери. Ова е првпат да дојде до колективна оставка на военото раководство во Турција.
Од канцеларијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган соопштија само дека четворцата команданти отишле во пензија но не наведуваат причини зошто.
Ердоган го наименува Неџдет Озел за нов шеф на на копнените сили и заменик-началник на Генералштабот. А Воениот Совет во понеделник ќе одличи кој ќе биде Началник на Генералштабот.
Во Брисел, портпаролот на НАТО одби да коментира за оставките.
Причина за оставката е несогласувањето со Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган околу унапредувањето на офицери кои се притворени под сомнение дека учествувале во заговорот за соборување на владата.
Војската смета дека офицерите можат да бидат унапредени иако се во затвор, додека Владата сака да ги пензионира.
XS
SM
MD
LG