Достапни линкови

logo-print

Сенатот го отфрли законот за зголемување на плафонот за задолжување


Сенаторот Хари Рајд

Сенаторот Хари Рајд

Американскиот Сенат контролиран од Демократите денеска го отфрли законот за зголемување на плафонот за задолжување. За предлогот имало 51 глас „за“ и 49 „против“. Претходно предлогот го усвоија од Преставничкиот дом кој е под контрола на Републиканците. Крајниот рок да се изгласа законот е 2 август.
Претставничкиот дом на Конгресот, контролиран од републиканците, изгласа предлог закон со кој се зголемува лимитот на државниот долг за 900 милијарди долари во период од околу шест месеци.
Сенатот, контролиран од демократите, пак има своја варијанта на законот за зголемување на лимитот на државниот долг, предложен од сенаторот Хари Рајд. Оваа варијанта предвидува долгорочно зголемување на кредитниот лимит за 2,5 билиони долари и намалување на трошоците за 2,2 билиони долари.
Од Белата куќа повикаа лидерите да почнат да работат заедно за да се постигне копромис.
XS
SM
MD
LG