Достапни линкови

Празниците да обединуваат, а не да разединуваат


Илинденски марш. Коњаниците тргнуваат од Скопје.
Илинденски марш. Коњаниците тргнуваат од Скопје.

Историските празници дел од „алатките“ во рацете на политичките партии за поделба на народот и постигнување партиски цели?

Се ближи одбележувањето на 2 Август, кое политичарите го користат за фаворизирањето на одредени периоди од историјата за да им се наметнат на граѓаните. Во последно време се поактуелно станува и повикувањето на античкото минато на Македонија. Граѓаните сами признаваат дека се создава конфузија меѓу нив, а единствено корист од фаворизирањето на одредени историски периоди имаат политичарите.

Антички Македонци или Словени, Крушевска република или АСНОМ, вмровци или комуњари...

Антички Македонци или Словени, Крушевска република или АСНОМ, вмровци или комуњари... Во последниве години овие прашања се актуелни. Празнувањето на 2 Август стана редовен поттик за препукување на политичките партии. Едните го фаворизираат празнувањето на Илинден, односно денот кога во 1903 година македонскиот народ се кренал против петвековното турско ропство. Другите, пак, повеќе внимание му обрнуваат на одбележувањето на првото заседание на АСНОМ од 1944 година, кога биле поставени темелите на македонската држава.

Ослободувањето од Отоманската
Бидејќи тој е доведен во прашање, го оспоруваат од надвор особено во врска со спорот со Грција и се настојува да се афирмира некој идентитет кој досега, да кажам така, не беше предмет на оспорување. Еве да кажеме сега античката историја, антиката итн, преку овие симболи сакаме да кажеме како општество дека ние имаме претензии кон антиката или дека потекнуваме од античките Македонци.
империја и Народно ослободителната војна, античкиот период и Александар Македонски се дел од алатките на политичките партии за будење на националното чувство кај граѓаните. Целта е освојување на што повеќе симпатизери. Според анкетата што ја направивме со неколку граѓани политичарите успеваат со фаворизирањето нa историјата да се заборави сегашноста.

„Она што треба да се реши е проблемот околу антиката и словенството. Дали сме ние антички Македонци или Словени? Како што велиме Кирил и Методиј просветителите.“

„Сестрата моја била партизанка загинала за Македонија, во 1942 година излегоа за партизани за да се борат за Македонија, да го истераат окупаторот. И сега што направија? Жив споменик за нив нема. На крај ги викаше Груевски „комуњари, комунисти“, а комунистите ни ја донесоа државата.“

„Тоа е позитивно од страна на владата, еве сега нели Александар Македонски повторно позитивно се спомена во нашата историја.“

Историчарот Новица Вељаноски вели дека за време на комунизмот важна беше само Народно ослободителната борба, поради тоа тој период сега се запоставува на сметка на Илинден и античкото време. Конфузија се создава кај историчарите, па тогаш нормално е да има и кај народот, вели тој.

„Ако ние како историчари немаме изедначени критериуми, не може да бараме од народот да има изедначени критериуми за некоја ситуација и затоа е нормална таа конфузија што се создава, но ако луѓето читаат повеќе и споредуваат, си создаваат свое мислење.“

Професорката Мирјана Малеска вели дека во поранешниот систем директно под влијание на центрите на моќ се креираше еден вид на историја, а во денешното демократско општество наместо да се изгради еден професионален став кон историјата сега се форсира една нова историја која придонесува за редефинирање на идентитетот.

Подеднакво важни и Илинден и АСНОМ, порачуваат историчарите

„Бидејќи тој е доведен во прашање, го оспоруваат од надвор особено во врска со спорот со Грција и се настојува да се афирмира некој идентитет кој досега, да кажам така, не беше предмет на оспорување. Еве да кажеме сега античката историја, антиката итн, преку овие симболи сакаме да кажеме како општество дека ние имаме претензии кон антиката или дека потекнуваме од античките Македонци.“

Социологот Илија Ацески вели дека фаворизирањето на одреден период од историското минато кај граѓаните создава продлабочување на поделбите меѓу нив.
Ако ние како историчари немаме изедначени критериуми неможе да бараме од народот да има изедначени критериуми за некоја ситуација и затоа е нормална таа конфузија што се создава, но ако луѓето читаат повеќе и споредуваат, си создаваат свое мислење.

„Ние добро се сеќавме имаше прослави на Илинден и некои празници кои се претвораа во една партиска демонстрација што не е добро за идентитетот на еден народ, затоа што историјата во тој поглед, во тој контекст не припаѓа само на една групација.“

Граѓаните признаваат дека има конфузија меѓу нив околу историјата на Македонија.

„Збунетост постои со тоа што не е решен тој проблем. Мислам, разни толкувања кај различни граѓани се јавуваат.“

„Кај образованите се покажува тоа нетрпение затоа што знае историја е историја и не треба да се менува.“

„И народот еуфорично реагира и тоа е повеќе од неписменост, тоа во Европа го нема, неможете тоа да го правите таму, тоа само тука поминува, на Балканот.“

Според Вељановски самиот народ и еден човек како поединец си ги бара своите корени во историјата и секој сака да докаже дека има минато и тоа политичарите знаат да го искористат.
И народот еуфорично реагира и тоа е повеќе од неписменост, тоа во Европа го нема, неможете тоа да го правите таму, тоа само тука поминува, на Балканот

„Тоа не значи дека не треба да биде така заради тоа што секоја патриотска свест се гради врз основа на некое минато, неможе да се гради на иднина.
Се разбира и иднината е важна, но и минатото е важно, каде оделе нашите предци.“

Политичкиот аналитичар и професор Здравко Савевски вели дека со помош на историјата политичарите кај граѓаните го потикнуваат националното чувство.

„Врз основа на историјата се „билда“ национализам кој после има лоши реперкусии кон политичкиот живот и реалноста. Во секој случај во Македонија се политизира историјата, се романтизира, митологизира и тоа се многу погрешни работи.“

Политичарите ја користат историјата во свои цели, велат експертите

Малеска вели дека познато е оти борбата на историски симболи, личности и споменици не е наивна, таа симболизира подлабок конфликт во општеството.

„Се настојува преку симболите да се покаже чија идеологија има престиж во општеството, односно каја политичка партија, да го сведам на партии, е таа која има престиж во општеството на сите планови, а на само дека победила на изборите.“

Малеска вели дека кај граѓаните се создава збунетост, бидејќи сега има генерации кои се подолго време изложени на античкото минато и она што беше порано базичен идентитет-словенскиот отиде во втор план.

„Мислам дека само една конфузија се случува во општеството, но таа конфузија во суштина зборува за една поделеност и за една нација која многу ризикува обидувајќи се да изрази некаков нов идентитет.“

Граѓаните сметаат дека политичарите ја користат историјата во свои цели.

„Политичарот секогаш за себе, секој што ќе влезе во политиката гледа да си ќари за себе, а најмалку го интересира народот, на народот ќе му фрлат само некоја „коска“.“

„И сега владата со поставувањето на споменикот на Александар Македонски исто мислам дека тоа го прави за да добие поени кај народот.“

Професор Илија Ацески вели дека во секој држава се случува политичарите понекогаш да ја користат историјата за да добијат поени кај граѓаните.

„Дел од тие прослави личат на партиски во смисла на тоа дека ете таа партија, таа групација е таа што води најмногу сметка за државата.“

Историчарот Тодор Чепреганов вели дека во секоја држава се случува
Дел од тие прослави личат на партиски во смисла на тоа дека ете таа партија, таа групација е таа што води најмногу сметка за државата

политичарите понекогаш да ја користат историјата за да добијат поени кај граѓаните.

„Лошо е ако тоа стане одлика на постојано дејствување да се користи историјата, односно да се злоупотребува за политички цели и да се излегува надвор од контекстот на она што е историја и да се користи за да предизвикува делби и раздор кај граѓаните.“

Вељановски вели дека отсекогаш партијата што била на власт имала можност да ја злоупотребува прославата на празниците и историјата, или пак опозицијата да ја обвинува за тоа.

„Лично мислам дека не е тоа толку така драматично бидејќи не е само кај нас туку тоа го има и во други земји, одредени настани што се важни за државата, за населението, народот, нацијата се сметало дека се злоупотребувани иако имало одредени елементи на злоупотреба неможе да се направи јасна граница меѓу едното и другото.“

Според Малеска иако политичарите треба да работат за доброто на граѓаните и интересите на државата на прво место им е сепак да останат на власт.

„Има еден т.н. железен закон на олигархијата на Михелс каде што оние што се на чело на партијата, група на луѓе на крај единствено им е важно да дојдат и да останат на власт по секоја цена.“
Да посветуваат посебно внимание на оние настани од историјата што обединуваат, значи сите овие настани што се одбележуваат како Илинден, АСНОМ итн, сите тие треба да се искористат за да се покаже единството на македонскиот народ и дека тие празници припаѓаат на сите кои што живеат во Македонија

Според Чепреганов историјата треба да им се остави на историчарите, а политичарите да ја креираат политиката како што треба.

„Да посветуваат посебно внимание на оние настани од историјата што обединуваат, значи сите овие настани што се одбележуваат како Илинден, АСНОМ итн, сите тие треба да се искористат за да се покаже единството на македонскиот народ и дека тие празници припаѓаат на сите кои што живеат во Македонија.“

Ацески вели дека на политичарите им одговара да играат на картата историја, бидејќи тоа се уште им носи гласови.

„Значи за самата партија многу, значи за тесните партиски интереси, кога го пренагласуваат тој момент сакаат да кажат односно да создадат една претстава дека токму тие се оние кои наследиле многу од тоа минато, дека токму тие ќе го заштитат тој интерес.“

Според експертите, историските настани и празниците треба политичарите да ги користат за да ди соединат граѓаните. Според експертите Според Савески во никој случај не треба да се политизираат настани како Илинден и историјата им припаѓа на сите граѓани, а не на политичките партии.

„Токму во таквите сенародни пранизици треба партиите да гледаат да ја зајакнат довербата на граѓаните кон институциите и кон самата држава, а не да ја промовираат својата партија, така што барем во тие моменти треба да се трудат да не им е партијата пред државата.“

Чепреганов вели дека сите историски настани на Македонија им припаѓаат на сите граѓани на земјата без разлика на националноста и
Да посветуваат посебно внимание на оние настани од историјата што обединуваат, значи сите овие настани што се одбележуваат како Илинден, АСНОМ итн, сите тие треба да се искористат за да се покаже единството на македонскиот народ и дека тие празници припаѓаат на сите кои што живеат во Македонија

верската определба. Особено на празниците и на нивното одбележување треба да се покаже единството на државата, вели тој.

„Значи празниците треба да обединуваат, а не да делат и мислам дека во последно време и тоа се прави, незнам кој го фаворизира повеќе периодот на народно ослободителното движење или народно ослободителната борба. За мене тие празници се општо македонски празници, припаѓаат на сите Македонци каде и да се во светот и едноставно треба да служат како репер за обединување на Македонците.“

Савевски вели дека особено на националните празници како Илинден мора државата да се стави пред интересите на партијата и да се јакне довербата меѓу граѓаните.

„Особено неповрзано да се создаваат тензии на партиска основа што во последно време се случува и да не се создаваат тензии на етничка основа бидејќи најголемо скернавење на Илинден е ако тој се претвори во моноетнички концепт.“

Ацевски додава дека политичарите се уште не ја научија таа лекцијата.

„Барем кога се прави тоа во тие моменти дека тоа се однесува на сите без разлика на нивната идеолошка и незнам каква обоеност или припадност.“

Традиционално Илинден се прославува во Крушево, а одбележувањето на АСНОМ во меморијалниот центтар во Пелинце..Каде ќе го прославуваат втори август политичарите и какви пораки ќе испратат до граѓаните останува да видиме. Во секој случај историското минато на Македонија е обединето на едно место, на плоштадот Македонија, каде се поставени стаутите на најистакнатите личности кои оставиле белег. Од античкиот период па се до денес на плоштадот граѓаните секојдневно можат бесплатно да добијат час по историја. Овековечени се Александар Македонски, Цар Самуил, како и Гоце Делчев, Јане Сандански и Методија Андонов Ченто зачинети со духот на деншницата со скулптурата на Шмизлите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG