Достапни линкови

logo-print

Првата седница на новата Влада во знакот на поевтинувања


Новата македонска влада, на денешната прва седница донела одлука, oд први септември годинава да поевтини зелената карта за патничките и товарните моторни возила, да се намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто за туристичките услуги и за прометот и увозот на суровото масло кое се употребува при производството на масло за јадење, а даночните обврзници, чиј вкупен приход остварен во претходната година по сите основи не изнесува повеќе од три милиони денари, целосно ќе бидат ослободени од обврската за плаќање данок на добивка. Владата донела и Предлог-закон за субвенционирање кредити за купување стан или куќа.
XS
SM
MD
LG