Достапни линкови

Владини интереси


Новата македонска влада.
Новата македонска влада.

Според експертите, старо-новата владина коалиција ќе се одржи се додека се реализираат политичките интереси и она што е договорено меѓу партнерите.

Веќе и официјално ВМРО-ДПМНЕ и ДИУ го презедоа мандатот за да раководат со земјава во следниве четири години. Во новата влада седат познати лица, дел од министрите ги задржаа старите позиции, некои ги сменија министерствата, но има и нови. Според експертите, старо-новата коалиција ќе се одржи се додека се реализираат политичките
Нема да остане ДУИ во коалиција се додека ни еден негов политички интерес нема да биде реализиран, без разлика колку закони се носат во евроинтегративната сфера или не се носат или тој процес стагнира или не стагнира, на прво место секогаш за ДУИ се нивните партиски интереси.

интереси и она што е договорено меѓу партнерите.

Политикологот Соња Стојадиновиќ очекува стабилна коалиција особено во поглед на евроинтеграциите, зошто тој ресор ќе го води кадар на ДУИ.

„Нема да остане ДУИ во коалиција се додека ни еден негов политички интерес нема да биде реализиран, без разлика колку закони се носат во евроинтегративната сфера или не се носат или тој процес стагнира или не стагнира, на прво место секогаш за ДУИ се нивните партиски и интересите во делот на коалициските договори“, изјави Стојадиновиќ.

И аналитичарот Љуљзим Хазири се сомнева дека евроинтеграциите се заеднички приоритет на двата владини партнери.


„И не верувам дека статус квото токму на овие процеси ќе ги нарушат односите на оваа коалиција затоа што не се очигледно евроинтегративните процеси тиe што ја држат оваа коалиција.“

Експертите се согласни дека процесот на македонското евроинтегрирање се одвива бавно. Тоа предупредуваат тие може да има лоши последици како за земјава, така и за граѓаните.

„Дестабилизација не верувам дека би се случила, но тотално економска и политичка стагнација и делумна изолација и регионална и на контанитално политичко ниво, би биле изолирани.“
Дестабилизација не верувам дека би се случила, но тотално економска и политичка стагнација и делумна изолација и регионална и на контанитално политичко ниво, би биле изолирани.

Според Хазири, бавниот напредок на земјава кон Европската унија може да предизвика и влошување на меѓуетничките односи, вели Хазири.

„Мислам дека дури тогаш ќе се создава тој видлив јаз помеѓу Албанците и Македонците и не би посакувал Македонија да доаѓа во таква критична ситуација.“

Политиколозите потенцираат дека сите закони кои се носат во насока на евроинтеграциите мора да бидат спроведени. Ниту еден закон или директива која е во согласност со европските стандарди не ни се потребни, доколку не се реализираат точно и реално во пракса, велат тие.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG