Достапни линкови

На Косово моментално мирно


Изминатата ноќ на северот на Косово било мирно, а србите синоќа целосно ги блокирале патните правци од северниот кон јужниот дел на Митровица. Тие не дозволувале премин на ниедно возило на КФОР, ЕУЛЕКС иили полицијата. Локалните срби не се согласуваат со намерата на косовските власти да ја превземат контролата врз граничните премини со Србија. Граничните премини Брњак и Јариње ги превзеде КФОР и ги прогласи за забранета воена зона. Инаку, синоќа Советот за безбедност на Обединетите Нации одржа консултации за Косово зад затворена врата. На српскиот шеф на дипломатијата не му беше дозволен влез, а германскиот амбасадор Петер Витинг оцени дека Европската Унија има соодветни тела за решавање на моменталните инциденти на Косово.
XS
SM
MD
LG