Достапни линкови

Македонија доби нова влада


По дводневна расправа и со 70 гласа „за“ десетина минути пред полноќ е избрана новата Влада на Република Македонија што во наредните четири години ќе продолжи да ја води Никола Груевски. Од присутните 117 пратеници, 47 гласаа против предложениот владин состав и немаше воздржани.Груевски е шести премиер од независноста на Македонија и доби трет, последовен мандат Претседателот и членовите на Владата дадоа свечена изјава за одговорно и совесно извршување на функцијата.Владата има четворица заменици-претседатели - покрај двајца кои беа и во претходниот Кабинет - Зоран Ставрески, кој воедно е и министер за финансии, и Владимир Пешевски, задолжен за економски прашања, нови вицепремиери се Теута Арифи за евроинтеграции и Муса Џафери за спроведување на Рамковниот договор.Петанесетте министерства ќе ги водат кадри на предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на коалициската ДУИ. Во шест ресори остануваат исти министри
XS
SM
MD
LG