Достапни линкови

logo-print

Собраниска расправа за новата влада


Втор ден расправа во Собранието по експозето на премиерот Никола Груевски

Втор ден расправа во Собранието по експозето на премиерот Никола Груевски

Бурна расправа на продолжението на собраниската седница за избор на новата влада.

Мандаторот Никола Груевски во експозето пред Собранието ги истакна петте приоритети на новата Влада. Во следниот мандат владат ќе се посвети на еворинтеграцијата на Македонија, зголемувањето на економскиот раст и вработеноста, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи и инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија. Пратеничката
Што да критикуваме сега кога е веќе искритикувано направено сите овие шест години, не можеме да пофалиме ништо затоа што немате ниту еден нов проект. Оваа влада тоне во безидејност и во немање решенија за натрупаните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните.

Цветанка Иванова од СДСМ вели дека не само што програмата на владејачката апртија е иста со претходните две, туку и нема промени во новата влада.

„Што да критикуваме сега кога е веќе искритикувано направено сите овие шест години, не можеме да пофалиме ништо затоа што немате ниту еден нов проект. Оваа влада тоне во безидејност и во немање решенија за натрупаните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во Македонија.“

Пратеникот на ДУИ, Хајрула Мисини вели дека со програмата ќе се подобри животот на граѓаните.

„Сите овие работи само го прошируваат тој пат по кој што ќе може да чекориме подобро кон подобриот и поразвиен живот.“

Пратеникот на ДПА, Орхан Ибраими пак вели дека програмата не предвидува ништо ново, особено за Албанците.


„Оваа влада не предвидува ниту една квота од државниот буџет за зголемување на благосостојбата во албанските подрачја.“

Емилијан Станковиќ од СДСМ запраша дали Македoнија не помрднала од место во последниве пет години, па затоа приоритетите остануваат исти. Зошто министри како Фатмир Бесими добиле друга функција иако добро ја извршувале работата, а други како Гордана Јанкулоска останала на истата
Треба да се прашате зошто Гордана Јанкулоска победи во изборната единица 2, зошто Зоран Ставрески победи во изборната единица 4, зошто Владимир Пешевски беше еден од кандидатите што придонесе за убедливата победа во изборната едница 5, зошто Никола Груевски како носител на листата во изборната единица 1 и човек кој што беше персонификација на програмата и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори.
позиција, вели тој.

„За која цел се обидувате да ја префрлите одговорноста на ДУИ? Или решивте да ги финиширате тајните преговори со Грција околу спорот со името и ќе се обидете одговорноста на ДУИ или и Фатмир Бесими и Теута Арифи ќе бидат новите жртви на вашите погубни политики за држење на Македонија што подалеку од ЕУ и НАТО.“

За Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните го дале својот глас за нивните министри кои им донеле победа поради тоа што добро ја вршеле својата функција.

„Треба да се прашате зошто Гордана Јанкулоска победи во изборната единица 2, зошто Зоран Ставрески победи во изборната единица 4, зошто Владимир Пешевски беше еден од кандидатите што придонесе за убедливата победа во изборната едница 5, зошто Никола Груевски како носител на листата во изборната единица 1 и човек кој што беше персонификација на програмата и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори.“

Теми на расправа меѓу пратениците на власта и опозицијата беа и инвестициите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG