Достапни линкови

Природниот раритет, чинарот во Битола стар 560 години, претставува опасност за околните куќи. Стеблото е напукнато, а жителите стравуваат од негово уривање.

Природниот раритет, битолскиот чинар, едно од најстарите дрвја на Балканот сее страв кај жителите на улица „Димитар Влахов“ во Битола. Стар е над 560 години, висок 35 метри, а само дијаметарот на стеблото има триесетина метри. Под налетот на годините, големината и тежината дебелото стебло напукна во најдолниот дел, прави штети на околу, а
Не дозволуваат повеќе да се сечи, така требало да биди зашто било заштитено. Ни испука цементот.

соседите стравуваат дека ќе им ги потисне куќите. Дрвото не е скастрено шест години.

„Барав да се скастри во висина, а и гранките им пречат на струјата, ни ги крши процорците, пастиката. Не дозволуваат повеќе да се сечи, така требало да биди зашто било заштитено. Ни испука цементот.“

„Кога има ветар страшно е многу. Скршена гранка прозорецот ни го скрши. Еднаш не чувал Господ долго дрво и дебело колку раката се откорна, но за среќа легна на ламарината од прозорецот и не го скрши стаклото. Колку што е високо толку е и долго во корењата. Ни ја поткрева
Кога има ветар страшно е многу. Скршена гранка прозорецот ни го скрши. Еднаш не чувал Господ долго дрво и дебело колку раката се откорна, но за среќа легна на ламарината од прозорецот и не го скрши стаклото.
вратата, секоја година ја стружиме, пет-шест пати сме ја потсекувале. Два пати годишно ставаме мајстори да ги чистат олуците, ако не се чисти, водата е по куќата, прокиснува цела. Да можам да ја дадам ќе бегам, да не се оддели да не смачка. Постои опасност на средина е напуканто“, велат Трајан и Симонка Ивановски.

Дрвото прво се водело како природна реткост и било под заштита, па пред шест години му било реставрирано стеблото, но материјалите попуштиле. Во последните години соседите добиле известување дека со одредени законски измени веќе не е под заштита и пренесено е во надлежност на Советот на Битола. Досега соседите повеќепати се обратиле до надлежните институции со барање дрвото да биде подкастрено, но брз успех.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG