Достапни линкови

Јеремиќ вечерва на средба со Бан Ки Мун


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ вечерва во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретер на ОН, Бан Ки Мун, објавено е на сајтот на ОН.
Јеремиќ отпатува во Њујорк, поради итната седница на Советот за безбедност, за ситуацијата во Косово.
Седницата која е свикана по барање на Србија, ќе се одржи вечерва со почеток од 21 часот, според средноевропско време. На седницата на Советот за безбедност ќе учествуваат само преставници на 15-те земји членки на Советот, јавија српските медиуми.
XS
SM
MD
LG