Достапни линкови

logo-print

Санино - Има напредок


Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефано Санино, на прес-конференцијата во Скопје.

Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефано Санино, на прес-конференцијата во Скопје.

Иако констатираше напредок во одредени области, високиот претставник на ЕУ, Стефано Санино, изрази и многу забелешки на патот на Македонија кон ЕУ.

На прес-конференцијата, директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефано Санино, рече дека има впечаток дека Македонија оди напред во правец на нејзините евроинтеграции, но во исто време тој изрази многу забелешки, посочувајќи повеќе области каде што треба да се постигне напредок. На прашање дали до крајот на
Доколку прашањето за името се реши можно е да се започнат преговорите, но сега е прерано да се тврди ова со оглед дека се уште го проценуваме напредокот од страна на Македонија во изминатите 12 месеци.

годинава земјава може да отпочне преговори со ЕУ тој укажа дека доколку прашањето на спорот за името со Грција се реши постои таква можност, меѓутоа нагласи дека рано е да се зборува за тоа:

„Доколку прашањето за името се реши, можно е да се започнат преговорите, но сега е прерано да се тврди ова со оглед дека се уште го проценуваме напредокот од страна на Македонија во изминатите 12 месеци.“

Во контекст на сумирањето на извештајот за овогодишниот напредок, што треба да биде објавен на 20-ти октомври, Санино прецизираше неколку области каде што, како што рече, сакаат да видат напредок. Тоа се јавната админстрација, правосудството, слободата на говорот, справувањето со корупцијата, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор како и заштитата на ранливите групи како што се Ромите.


На средбите со претставниците на државниот врв, со премиерот и со претствниците на политичките партии, Санино се осврнал и на прашањето за спорот со името со Грција и изразил уверување дека може да биде постигнато решение за спорот за името со што како што рече ќе се даде развој на позициите на земјава во поглед на нејзините евроинтеграции.

„Последната поента која сакам да ја нагласам е дека разговаравме за важноста на апсолвирањето на важноста на прашањето за името. Како што разбрав има контакти меѓу авторитетите на Грција и на Македонија. Има некои елементи кои може да се идентификуваат како солуција за ова прашање. Тоа е многу важно за придвижување на земјата во евроинтеграцискиот процес и НАТО.“
Разговаравме за важноста на апсолвирањето на важноста на прашањето за името. Како што разбрав има контакти меѓу авторитетите на Грција и на Македонија. Има некои елементи кои може да се идентификуваат како солуција за ова прашање. Тоа е многу важно за придвижување на земјата во евроинтеграцискиот процес и НАТО.

Кога станува збор за последните случувања со медиумите и со Советот за радиодифузија, овој европски официјален претставник, запрашан истите да ги коментира, нагласи дека слободата на говор е високо на европската агенда и дека истото им го пренел на неговите соговорници.

Според неговите зборови, од друга страна, бил констатиран напредок во повеќе области околу хармонизиарње на законите со европското законодавство, како што се законите за трговски друштва и за енергетика, што како што рече, претставува охрабрувачки сигнал. Укажувајќи на тоа дека постојат главно две причини за неговата посета на Македонија, овој европски официјален претставник рече дека целта била остварување контакти со новата влада и новиот парламент од кој како што рече очекува да продолжи со усвојување на европскаат регулатива, како и поради финализирањето на извештајот за постигнатиот напредок.

Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефано Санино, имаше средби со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со претставници на повеќе собраниски тела како и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. На нив тој истакна дека 2011 е значајна година од аспект на евроинтеграцијата и дека многу е важно европската агенда да стане национална, со што земјата ќе го направи конечниот чекор за почеток на преговорите со ЕУ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG