Достапни линкови

logo-print

Најмалку 17 жртви во бомбашкиот напад во Урузгдан


Најмалку 17 луѓе загинале, а 37 се повредени кога група на вооружани мажи и бомбаши самоубијци ги нападнале владините згради во главниот град на авганистанската провинција Урузгдан. Според болнички извори, меѓу убиените е и репортерот на Би Би Си. Талибанците ја презедоа одговорноста за денешниот напад. Според авганистанските власти напаѓачите ја нападнале зградата на гувернерот,по што започнале престрелка со полицијата. Денешниот напад, е дел од серијата напади на авганистански челници. Вчера беше убиен гувернерот на Кандахар, а претходно помошник на претседателто Хамид Карзаи, и пред тоа помладинот брат на Карзаи, кој беше еден од главните личности во јужен Авганистан.
XS
SM
MD
LG