Достапни линкови

Во борбите во Могадишу, најмалку шест загинати


Исламистичките бунтовници

Исламистичките бунтовници

Најмалку шест бунтовници загинале во жестоките борби кои се водат во главниот град на Сомалија, Могадишо, меѓу исламистичките бунтовници и владините сили, подржани од трупите на Африканската Унија, јавија тамошните власти.
Според извештаите , во борбите најмалку 20 луѓе се повредени. До судирите дојде само еден ден откако светската програма за храна на Обединетите Нации соопшти дека ќе започне со доставување на хуманитарна помош во Могадишо за милионите гладни во делови од земјата.
Од најстрашната суша што погоди неколку земји во Африка се погодени 10 милиони луѓе, на кои им е потребна помош.
XS
SM
MD
LG