Достапни линкови

Исти позиции за името?


Владата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, рече премиерот Груевски. Но, штo со меѓународната употреба?

Нема промена на македонската позиција во однос на спорот за името, децидни се домашните експерти. Владата нема да прифати промена на
Она што во моментот е во оптег, не е ретерирање, промена на ставови или градење на нова стратегија туку разговарање околу можноста ФИРОМ да се замени со Република Македонија Скопје, како име со лимитирана употреба на комуникацијата со Грција, евентуално НАТО и ЕУ до оној момент додека не се зачлениме.

Уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име, рече во своето експозе пред македонските пратеници мандаторот Никола
Груевски. Ова, пак, не значи навестување дека владата би прифатила промена на името за меѓународна употреба, вели политичкиот аналитичар Слободан Чашуле. Еве како тој го објаснува владиниот став за тоа прашање.

„Она што во моментот е во оптег, не е ретерирање, промена на ставови или градење на нова стратегија туку разговарање околу можноста ФИРОМ да се замени со Република Македонија Скопје, како име со лимитирана употреба на комуникацијата со Грција, евентуално НАТО и ЕУ до оној момент додека не се зачлениме.“

Тоа појаснува Чашуле значи дека за сите други држави би се задржало името кое се користи во меѓусебната комуникација.

Премиерот Груевски во своето експозе најави дека владата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име

„Вие не можете да принудите држава да го промени веќе еднаш донесениот став во поглед на нејзината меѓународна позиција, а тоа значи признавање и на други држави.“

За разлика од Чашуле, кој е оптимист дека под притисок на меѓународната заедница, Македонија може да го реши овој проблем до крајот на годината, универзитетскиот професор Денко Малески вели дека со ваквата позиција на македонската влада невозможно е да се очекува некаков компромис.

„Се се тоа прилично небулозни работи кои кажуваат дека владата ќе продолжи да ја следи својата политика, а тоа е политика на одбрана на практично уставното име со некаква евентуално отворена опција повеќе
Се се тоа прилично небулозни работи кои кажуваат дека владата ќе продолжи да ја следи својата политика, а тоа е политика на одбрана на практично уставното име со некаква евентуално отворена опција повеќе за меѓународната заедница.
за меѓународната заедница за да се демонстрира кооперативност.“

Она што недостасува кај нас е внатрешен дијалог, дебата и единствен став за ова прашање, вели Малески. Веќе слушнатите фрази дека Македонија би прифатила разумен компромис, укажува на тоа дека прашањето за името не е приоритет на Владата, посочува тој.

„Прилично општи фрази кои што кажуваат дека владата ќе се концентрира на својата агенда, внатрешни реформи на Македонија, но прашањето на името го остава за некои идни времиња.“

Зборувајќи за спорот, Груевски меѓу другото ја повтори определбата за референдумско изјаснување за кое било решение што би било постигнато во разговорите со Грција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG