Достапни линкови

Русија ќе стави на црна листа американски функционери


Русија планира да стави на црна листа американски официјални претставници, како одговор на одлуката на Соединетите Држави да им забрани влез во земјата на руски претставници кои се поврзани со смртта на адвокатот Сергеј Магнитски, кој почина во затвор, објави денеска Кремљ. Руското министерство за надворешни работи, по налог на претседателот Дмитриј Медведев, подготвува мерки против американски граѓани, е соопштено во Москва.
XS
SM
MD
LG