Достапни линкови

СБ на ОН ќе расправа за Косово зад затворена врата


Советот за безбедност на ОН, на барање на Србија, за денеска закажа консултации „зад затворена врата“ за ситуацијата во Косово. Според неименувани дипломатски извори, Русија го поддржала барањето на Белград за одржување итна седница, додека САД и Велика Британија сметале дека треба да се почека следната редовна седница на Советот за Косово. На крајот е избрано компромисно решение и за денеска се закажани консултации зад затворена врата, наместо јавна седница, изјави неименуваниот дипломат.
XS
SM
MD
LG