Достапни линкови

Завахри: Сиријците да протестираат и против САД и Израел


Ајман ал Завахри

Ајман ал Завахри

Новиот лидер на Ал Каида, Ајман ал Завахри ги поддржа протестите во Сирија со кои се бара смена на режимот на претседателот Башар ал Асад. Во видео пораката поставена на еден екстремистички интернет сајт, тој ги повика демонстрантите да протестираат и против САД и Израел, затоа што, според него, Вашингтон сака да го замени Асад со лидер кој ќе ги штити американските и израелските интереси.
Асошиетед прес оценува дека Завахри сака да го претстави сириското востание како исламска битка против интересите на Западот на Блискиот Исток, додека сириските активисти наведуваат дека религијата игра мала улога во нивните напори за смена на Асад.
XS
SM
MD
LG