Достапни линкови

Контингент на АРМ се враќа од Авганистан


Денеска во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ кој во изминатите шест месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан. Контингентот од 149 војници, најстар национален претставник, двајца штабни офицери и пет старешини, беше ангажиран за обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго.
XS
SM
MD
LG