Достапни линкови

Инвестициската конференција за Грција, без конкретни ветувања


Инвеститорската конференција во Грција, чиј домаќин денеска беше германското Министерство за економија, заврши без конкретни ветувања, пренесоа германските медиуми.
Владата и бизнис заедницата во Германија сакаат да помогнат во модернизирањето на Грција, но не и да доделат дополнителни милијарди, забележуваат медиумите.
Условите за инвестиции во земјите од еврозоната, што се во криза, треба брзо да се подобрат, но не и да се преземат нови ризици за германскиот даночен обврзник, изјави денеска германскиот министер за економија Филип Рослер, по средбата со водечките корпорации за германскиот бизнис.
XS
SM
MD
LG